Охриѓанката Ива Кецкарова се закити со златниот медал на отвореното првенство на Македонија во зелен тенис кое се одигра во Неготино.

Најмладата учесничка помеѓу јуниорките до финалето стигна без изгубен сет, а таму иако имаше негатива 1-0 со пресврт дојде до титулата.

Победата на Кецкарова е продолжување на добрите резултати на охридските тенисери. Претходно, во повозрасна категорија златен медал освои Ана Стојановска, а Матеа Бимбилоска заврши помеѓу ТОП 4.

OhridNews