Охридските тенисери продолжија со нижењето на одлични резултати и трофеи од турнирите во младинските категории. Нова титулата во витрините на охридскиот тениски клуб донесе Ива Кецкарова која триумфираше на турнирот во Битола.

Кецкарова до највисокот место на пиедастелот стигна со убедливи победи и без изгубен сет во текот на турнирот. Сиот свој квалитет младата Ива го демонстрираше во финалето победувајќи фуриозно во два сетови 6-0 односно 6-3.

Охриѓани целосно се фокусираат на турнирот кој следниов викенд ќе се одржи во Охрид. До сега, присуството го потврдија вкупно 33 тенисери (18 во машка и 15 во женска конкуренција).

OhridNews