Охридската тенисерка Ива Кецкарова го освои првото место на отвореното првенство на Македонија кое се одржа на 22 и 23 септември во Охрид.
Во финалето во јуниорската конкуренција до 11 години Кецкарова ја совлада тенисерката од велешкиот клуб Борец со 2-0 во сетови (4-0, 4-1).
Ива со триумфот на турнирот во Охрид се зацврсти на првата позиција на ранг листата на Македонската тениска федерација.
OhridNews