Денеска ќе се одржи IV-та Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ во манастирскиот комплекс „Св. Спас“ во Горно Лакочереј со почеток во 13 часот.

Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сите љубители на поезијата по претходно објавен конкурс имаа можност да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик и литературата воопшто. Од над стотина пристигнати поетски творби жири-комисијата одлучи на манифестацијата да настапат 70-тина поети од Македонија и странство, информираат организаторите на фестивалот: Мирко Томовски, Митре Мангоски Радождански, Перчо Божиновски, Трифун Ѓорѓиоски и Наум Трајчески.

На манифестацијата предвидени се награди за учесниците во повеќе категории, како и награда за животно дело, што гиобезбеди изработувачот на охридски Климент Талев. Покровител на поетската манифестација е општина Охрид.

За победникот (прва награда) Организациониот одбор обезбедува викенд за двајца во Охрид.

За учесниците обезбеден е превоз (мини бус „Димакс”) од Автобуската станица до манастирот во 12 часот и повторно враќање назад по завршувањето.

OhridNews