Како што информираат од Итната стоматолошка служба при Здравствен дом Охрид, поради користење на годишни одмори на вработените стоматолози, службата заклучно 22- ри септември нема да работи секојдневно.

Стоматолошките услуги на службата, чие работно време е од 20 до 08 часот, ќе можат да се користат  на 04.09, 05.09, 07.09, 08.09, 10.09, 11.09, 13.09, 14.09, 16.09, 17.09, 19.09 и 20.09. Во останатите денови, граѓаните кои имаат потреба ќе бидат згрижени од страна на вработените во Итната медицинска служба.

Од Итната стоматолошка служба потенцираат дека во текот на летната сезона не се користеле годишни одмори поради големиот број гости во градот и зголемениот обем на работа.

OhridNews