Охридскиот аматерски театар ја започнува сезоната со претставата „ Итрините на Итар Пејо“ што премиерно ќе биде прикажана вечерва од 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Се работи за повеќе раскази од истоимената збирка на Стале Попов.„Се решивме за Итар Пејо, бидејќи тој е лик од македонската историја и литература кој во секоја пригода наоѓа начин да се снајде. Преку неговиот лик сакаме да им покажеме на најмладите како Македонскиот народ се справувал со непријателите  и опстојувал во тешките времиња“, вели Ташко Лаброски во чии раце се режијата и адаптацијата.

Во претставата играат членови од детското драмско струдио при Центарот за култура кое започна со работа кон крајот на октомври минатата година.

Ова е трета претстава на охридскиот драмски театар, по Пепелашка и Децата на Дедо Мраз.

Ohridnews