Пијанистот Марко Греко од Италија вечерва ќе настапи во Охрид. Концертот на кој ќе се отсвират најубавите дела на Бетовен, Скарлати, Шопен и Лист, е во рамките на музичкиот фестивал „Охрид те сакам“.

Концертот ќе започне во 20 часот во големата сала на општина Охрид, а влезот за посетителите е слободен. Покровител на концертот е  градоначалникот на Општина Охрид,  Александар Петрески.

OhridNews