Антонио Матарезе, претседателот на „Лега Калчо“, здружението кое го води италијанското првенство, и официјално најави дека поздравувањето на противничките фудбалери по натпревар наскоро ќе стапи на сила.
„Од 13 февруари наредната година играчите во првата и втората лига ќе имаат обврска да се ракуваат со противничките играчи на крајот од мечот“ изјави Матерезе и додава „Мој сон е еден ден и навивачите на противничките екипи по натпреварот да се ракуваат!“
Сепак останува нејасно какви санкции ќе сносат оние кои ќе се оглушат на ваквата одлука. Оваа мерка е усвоена делимично и заради гестот на фудбалерите на Фиорентина, кои по поразот дома од Интер (2-0) на почетокот од месецов, им аплаудираа на играчите на Интер пред влегувањето во тунелот.Целокупната фудбалска и спортска јавност во Италија ја поздрави иницијативата на играчите на Фиорентина.
ohridnews