Во рамките на посетата, министерот Јакупи се сретнал со италијанскиот директор за животна средина, Корадо Клини, при што разговарале за тековните активности и проекти кои се спроведуваат согласно потпишаниот меморандум за соработка помеѓу двете министерства.
-Покрај најавената подршка за проектите за изградба на депонии во Југо-источниот, Полошкиот и Јогозападниот регион, Италијанското Министерството за животна средина, најавило и подршка на и инвестициски проекти и во делот на климатските промени.-информираат од министерството.
Министерот Неџати Јакупи во средината на јануари годинава, во Охрид изјави дека локацијата за изградбата на депонија за отпад за Југозападниот регион се уште не е утврдена, и дека таа ќе се одреди во соработка со локалните власти од регионот и врз препораките на експертите.