Четиригодишното ромско дете кое просело со своите родители не било искористено нити злоставено од страна на неговата мајка, па затоа мајката не може да се осуди за робовладетелство, заклучил судот во Рим.
Судот ја укинал пресудата од второстепениот суд во Наполи кој ромската мајка ја осудил на 5 години затвор поради робовладетелство, бидејќи секојдневно неколку часа во денот просела на улица со својот 4-годишен син.
Судот во Рим исто така нагласил дека просењето е дел од културната традиција на Ромите. „Не смеат да се кримнализираат начините на однесување кои припаѓаат на некоја културна традиција од некоја етничка заедница. За некои етнички заедници просењето е традиционален услов за преживување“, напишал судот во образложението.