Италијански рибар уловил џиновска лигња од три метри. Таа е уловена во морските води близу најголемото италијанско пристаниште Џенова. Лигњите максимално можат да нараснат до тринаесет метри должина. Тие се распространет вид и можат да се најдат во речиси сите мориња во светот.


Во северните мориња ги има во водите на Њуфаундленд, Норвешка, Британските Острови. Кога се во прашање потоплите води џиновските лигњи можат да се сретнат во Јужна Африка, Нов Зеланд и Австралија. Се претпоставува дека бргу растат и за три години достигнуваат тежина од 500 килограми. Во Североисточна Канада во 1933 година пронајдена е мртва лигња долга 21,95 метри.