Музичкиот фестивал „Охрид те сакам“ кој се востанови за прв пат годинава со промотивните концерти за време на Првомајските празници, ја продолжува својата мисија на презентирање на пијано творештвото со гостување на млади репродуктивци од земјата и странство. Фестивалот се одржува под покровителство на градоначалникот Александар Петрески, а е помогнат од десеттина спонзори.

Вечерва, во големата сала на зградата на општината, каде и е сместен концертниот клавир-донација од Лихтенштајн, со почеток во 20 часот ќе настапи пијанистот од Италија, Стефано Бигони кој е и професор на Академијата „Г.Б. Виоти“ во Гросето, Чита де Питиљано и „Санта Чечилија“ во Кастољоне Пескаја. На програмата се дела на Хајдн, Бетовен, Менделсон, Шопен и Ц.М. вон Вебер.


концертниот клавир „Сеилер“ донација од Лихтенштајн

Утревечер, на 18. Јуни, во истиот термин, во рамките на Фестивалот „Охрид те сакам“ љубителите на пијаното ќе можат да го проследат концертот на уште еден италијански пијанист,  39- годишниот Микеле Пентрела, добитник на повеќе престижни награди на мегународни натпревари. Toj  пред охриѓани  ќе изведе  11 дела на Шопен.

ohridnews