Градоначалникот Џулио Цезаре Фава одлучил да го донесе овој чуден и смешен декрет бидејќи селото нема свои гробишта, а се спори со соседното гратче за гробни парцели, па затоа нема каде да се погребаат покојните.
Градоначалникот изјавил дека неговите сограѓани се задоволни од овој необичен потег и дека оваа одлука им донела радост. Но, за жал, како што изјавил Фава, двајца повозрасни граѓани не ја испочитувале наредбата.