Холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата вереница, адвокатката Амал Аламудин одлучиле венчавката да ја одржат во луксузната вила на езерото Комо во Италија, која актерот ја купил пред десетина години. Како би се осигурала саканата приватност, италијанското гратче Лаљо донело нови закони и правила кои стапиле на сила на 21 јуни. Роберто Поци, градоначалникот на ова италијанско гратче изјавил дека ќе биде забрането сопирање пред влезот на вилата на Клуни и објаснил дека тоа е сторено поради сообраќајот и безбедноста, како и поради заштита на приватноста.

Новиот закон забранува секакво сопирање во близина на вилата на актерот, вклучувајќи и бродови и пливачи кои не смеат да се приближат повеќе од 100 метри. Казната доколку се прекрши законот може да достигне до 500 евра. Новите градски правила ќе важат до 30 септември, што е потврда за медиумските шпекулации дека свадбата ќе се одржи оваа есен. Парот се верил кон крајот на април, по само седум месеци врска, а кум на свадбата ќе биде колегата на најдобар пријател на Клуни, Бред Пит.