Американскиот рапер Снуп Дог бил сопрен на аеродромот во Калабрија, бидејќи имал 422 илјади долари кои не ги пријавил кога ја преминувал границата. Поради тоа италијанската полиција запленила половина од парите со кои раперот се обидел да излезе од земјата, во склад со законот за борба против перењето пари.
Во слични случаи запленетите пари се враќаат, откако ќе се наплати казна, а патниците кои минуваат низ земјите на Европската унија се должни да пријават суми кои се повисоки од 10 илјади долари, што раперот очигледно не направил. Ова е втор инцидент кој му се случи на американскиот рапер во Европа во последниве десетина дена. Најпрво во Шведска полицијата накратко го задржа после концерт во околината на главниот град поради сомнение дека користел наркотици, а сега и италијанската полиција му заплени пари.