Италијанската мафијашка организација со приход од 53 милијарди евра, минатата година заработила повеќе од Мекдоналдс и Дојче банка заедно, покажува една студија. Студијата ја изработил истражувачкиот институт Демоскопика кој ја покажал структурата на приходите на мафијашката организација Ндрангета, која во 2013 година од трговија со дрога заработила околу 24,2 милијарди евра, додека носењето на ѓубре на илегални депонии, со што исто така се занимава, и донело 19,6 милијарди.

На тој начин оваа криминална организација остварила приход кој е еднаков на износот од 3,5 проценти од италијанскио бруто производ во минатата година. извештајот е заснован на анализа на документи на италианското министерство за внатрешни работи и полицијата, како и парламентарната комисија за борба против мафијата. Се верува дека Ндрангета има околу 400 клучни оперативци во 30 земји, но се смета дека во нејзините активности учествуваат дури 60 илјади лица ширум светот.