Италијанската манекенка Клаудија Романи одлучила својата кариера како модел да ја замени со кариера на фудбалски судија. Таа ги положила сите потребни испити, па сега е лиценциран фудбалски судија кој може да суди во сите италијански натпреварувања, вклучувајќи ја и Серија А.
Кога пред неколку месеци одлучила да се посвети на новата кариера, рекла дека ќе биде возбудливо да се трча на теренот со сите тие фудбалери. Инаку, Клаудија е деклариран навивач на Милан, па и доколку еден ден успее да суди во најсилната италијанска лига, најверојатно ќе ги пропушти токму нивните натпревари.