Почесниот Конзул на Република Македонија во Италија, г-дин Тицијано Меоли кој со група стопанственици од Италија, до 7-ми овој месец престојува во работна посета на Македонија, вчера во  Охрид оствари средба со претставници на локлната самоуправа.

На средбата со градоначалникот  на Охрид, Александар Петрески, се разговарало за можностите за инвестирање на италијански капитал во Охрид и за развојните планови на општината, соопшти  одделението за односи со јавност при локалната самоуправа.

„Посетата на конзулот Меоли на Охрид  е во насока  на запознавање на италијанските бизнисмени со можностите за соработка и инвестирање во општината“, се наведува во кусата информација што ја лиферуваше одделението за односи со јавност при локалната самоуправа.

Топ вести: Најтофејните „Ѕвездаши“ во затвор!
читај повеќе:
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=2&kat=12&id=3618

ohridnews