Италијаните поставиле нов светските рекорд за најдолга пица на светот со Маргарита долга 1,5 километри. Пицата, за чија припрема биле потребни 1500 килограми домати, повеќе од 1500 килограми моцарела и „река“ маслиново масло, била послужена на манифестацијата „ЕКСПО 2015“ која се одржува во Милано. Парче од фамозната пица со свеж босилок, настаната во 1889 година во Неапол, во чест на посетата на кралицата Маргарита Савојска, вчера имаа можност да пробаа околу 30 илјади посетители кои седеле на 800 споени маси.
Во овој несекојдневен кулинарски подвиг учествувале 80 готвачи од цела Италија кои пицата ја печеле во пет посебни печки. Претходниот рекорд го држеле шпанци со 1141 метар долга пица. Како што пренесуваат агенциите, 300 метри од рекордната пица биле подарени на народните кујни во Милано. Љубителите на овој светски популарен специјалитет се надеваат дека рекордот ќе помогне пицата да биде сврстена на листата светски наследства на УНЕСКО. Петиција за оваа цел досега потпишале повеќе од 300 илјади лица.