Италијански бизнисмени се заинтересирани дa градат фабрика за производство на соларни панели и фабрика за производство на ликер од лековити тревки во Охрид.
Ова било истакнато по средбата на градоначалникот Александар Петрески со бизнисмени од Италија кои викендов престојуваат во Охрид.
Италијанската делегација ја предводи професорот и познат уметник Винченцо Бјанки кој пак најави отворање на негов музеј или уметничка академија во Охрид на кој ќе му подари 200 уметнички дела на автори од Европа и Јапонија. Винченцо Бјанки е автор на фреските во Католичката црква во Охрид и денеска ќе присуствува на нејзиното осветување.
Во знак на благодарност и пријателство на Бјанки му е доделен „клучот“ на градот, а охридскиот градоначалник Петрески очекува дека разговорите со италијанската бизнис делегација ќе вродат со плод.
ohridnews