Изборите во Италија поминаа мирно и без поголеми проблеми, извести денеска италијанската агенција АНСА, која меѓу занимливостите го издвои случајот за Џовани Алина кој во својата 88 година од животот гласаше за прв пат.
Алина во придружба на социјална работничка гласал во околината на јужноиталијанскиот град Салерна во Кампанија, каде живее во дом за стари и немоќни особи.
Старецот на слобода се наоѓа од претходната година, после 50 години поминати во затвор и други установи за психичко лекување.
Тој се нашол во тие установи поради тоа што се сметал за опасен човек, а никогаш службено не е прогласен неспособен да се грижи за себеси, и поради тоа добил старател.
Алина гласал за застапниците на долниот и горниот дом, и претставниците на локалните власти.
„За него тоа беше новост. Збунето гледаше околу себе, и кога во избирачката кутија ги фрли своите три ливчиња, сите му ракоплескаа“, кажува докторката која го придружувала.