Потполно исцрпениот италијански авантурист, е спасен пред австралискиот брег откако предходните десет месеци веслал, а за малку не го превеслал целиот Пацифик. Во саботата тој изјавил дека не се чувствува како губитник и додал дека во ниту еден момент не се почувствувал осамен благодарение на подршката во e-mail пораките од неговите илјадници обожаватели.
Алекс Белини (30) испловил во февруар од Лима во Перу и во петокот го заврши патувањето на само 65 наутички милји од источниот брег на Австралија.
Во тој период живеел на сува храна и дестилирана морска вода, и ниту еднаш не стапнал на копно.
„Ова не е неуспех“, рекол, додавајќи дека поради лошото време и исцрпеноста побарал брод да го одвлечка до брегот, иако му останале само неколкуте последни километри.
Овој италијанец претходно го има превеслано Атлантикот, Средоземното Море и на санки два пати ја има поминато Аљаска.