Џорџо Нава, италијански готвач кој работи во Јужна Африка, е победник на светскиот шампионат во правење тестенини кој во саботата бил одржан во Парма. До победата стигнал благодарение на својот рецепт за евтина тестенина, која како што вели, совршено одговара за економската криза во Италија. Нава, кој за својата работа во рестораните во Кејптаун добил неколку водечки кулинарски награди, ги одушевил публиката и жирито со едноставен рецепт на Кавателии, тестенини со брокула и оригано цветови.


Тој по победата рекол дека клучот бил во едноставноста. Претставил рецепт кој е евтин но вкусен. Додал дека другите се натпреварувале со скапи рецепти базирани на риба, но имајќи ја во вид економската ситуација во Италија, не му изгледало дека би било во ред да претстави некој екстравагантен рецепт. Шампионатот во правење тестенини, кој прв пат бил одржан минатата година, бил одржан во Барила академијата во Парма. Во два дена 24 готвачи од целиот свет имале 40 минути да го завршат своето јадење во првата рунда, односно половина час во финалето. Минатата годија титулата ја понел јапонскиот готвач Јоши Јамада.