Италијанец на триесет годишна возраст осуден е на условна казна и парична глоба затоа што зјапал во жена која во воз седела наспроти него. Судијата го осудил на условна казна од десет дена и казна од 50 евра, по тужбата од страна на 55 годишна жена за сексуална злоупотреба. Се сретнале два пати во локалниот воз помеѓу Лека и Милано. Првиот пат осудениот седел покрај жената но, како што и се чинело, премногу блиску. Другиот пат седел наспроти неа и зјапал во неа цел пат. Тие двајца никогаш не разговарале.