Артуро Ликата од Сицилија е прогласен за најстар човек на светот од Гинисовата книга на рекорди. Денес има точно 111 години и 302 дена. Оваа титула ја добил откако официјалните лица ги провериле во евиденцијата неговата крштеница и лист од венчаните. Ликата е роден во мај 1902 година. Кога имал само девет години почнал да работи во рудниците за сулфур на Сицилија.

За време на својот долг живот работел како чувар, а во апотека лекувал деца заболени од туберколоза, и учествувал во италијанските воени инвазии на Етиопија. Бил оженет, а неговата сопруга Роза починала 1980 година кога тој има 78 години. Денес има седум деца, осум внуци и четири правнуци. Претходниот носител на титулата Салустиано Санчез умрел во септември минатата година на 112 години и 97 дена. НАјстар човек досега бил Џиан Луис Калмент, кој умрел 1997 година а во моментот на смртта имал 112 години и 164 дена.