Стручниот штаб на македонската кошаркарска репрезентација доби нов член во името на Џакомо Браида.

Италијанецот ќе биде задолжен за физичката подготовка на репрезентативците, а доаѓа на препорака на Сандро Беркардино.


„Македонската кошаркарска федерација за потребите на едукација на својот тренерски кадар, со специфичен акцент на физичката подготовка го ангажира Италијанецот Џакомо Браида, кој доаѓа по консултациите со Сандро Беркардино, докажаниот пријател на македонската кошарка, во тој дел на работата“, се вели во соопштението кое МКФ го објави на својата интернет страница, пренесува „Макфакс“.

Дел од подготовките за престојното Европско првенство македонските репрезентативци ќе имаат во Охрид каде ќе одиграат неколку натпревари.

Ohridnews