Српскиот интернационалец Иван Стојановиќ охридскиот дрес ќе го замени со дресот од италијанскиот тим Албатросо со кој потпиша едногодишен договор.


Стојановиќ минатата сезона ја помина во охридскиот клуб и активно учествуваше во историскиот успех кој клубот го направи во Купот на Македонија и Супер лигата.

Новиот клуб на Стојановиќ се натпреварува во елитната италијанска лига која е формирана од четири групи по девет екипи.

Српскиот ракометар изјави задоволство од постигнатиот договор и максимално е фокусиран на новиот предизвик кој го очекува.

Стојановиќ е вториот ракометар кој официјално не е повеќе де од Р.К. Охрид по голманот Кирил Колев кој се пресели во Пелистер.  

OhridNews