По 13 години игнорирање на најголемата европска телевизиска музичка манифестација, Евросонг, Италија годинава реши да се врати со свој претставник .Италијанскиот јавен сервис РАИ поднел молба за учество на 56. издание на Евровизија, кое ќе се одржи на 10, 12 и 14 мај 2011 година во Диселдорф, Германија.


 

Италија има богата традиција на евровизиските музички избори и секогаш имала добри пласмани. Само за потребите на ова натпреварување се создадоа некои хитови, како „Нел Блу, Ди пинто Ди Блу“ и „Генте Ди Маре“.

Сепак, наспроти двете победи на „Евросонг“, во 1964 година со Џињола Чинквети и во 1990 година, кога Тото Котуњо го воодушеви светот со големиот хит „Инсиеме“, цели тринаесет години Италијанците ја одбегнуваа „Евровизија“. Последен пат Азурите учествуваа на изборот во 1997 година, кога дуото „Џалис“ настапи со песната „Фиуми ди пароле“.

Ohridnews