Нов земјотрес со магнитуда од 5 степени по Рихтер, синоќа ја погоди Италија. Епицентарот на потресот бил 51,5 километри југоисточно од Перуџа, средна Италија.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, што придонело за поголемо тресење на површината. Земјотрес од 5 степени по Рихтер се смета за умерен, но може да предизвика сериозни оштетувања на објектите.

Два силни земјотреси од 5.5 и 6.1 степен по Рихтер го погодија ова подрачје на 26-ти октомври, а во неделата беше регистриран уште еден земјотрес со јачина од 6.6 степени по Рихтер.

Засега нема информации за штетите од синоќешниот потрес.

OhridNews