Италијанската влада повторно го заживеала планот за изградба на најголемиот висечки мост на светот, кој ќе ја поврзува Сицилија со копното.
Владата го подржала проектот за јавни работи, во кој меѓу останатите се предвидува изградба на железнички линии, автопатишта и тунели, во вредност од 17,8 милијарди евра.
За проектот за мостот предвидени се околу 1,3 милијарди евра, а вкупната вредност за тој проект се проценува на 6,1 милијарди евра.
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони веќе долго време се залага за изградба на тој мост.
Критичарите на проектот сметаат дека би било подобро тие пари да се потрошат на поправка на локалните патишта и инфраструктура, додека подржувачите сметаат дека мостот ќе отвори нови работни места и ќе и овозможи на економијата да ја преживее рецесијата.