Италија наскоро ќе започне со изградба на најдолгиот мост во светот над Месинскиот теснец.


сателитски приказ на Месинскиот теснец

Висечкиот мост што ќе го поврзува островот Сицилија со Калабрија, ќе биде долг 3.000 метри, а широк ќе биде  над 60 метри. Ќе има шест ленти за автомобили, две за пешаци и железничка линија по која дневно ќе поминуваат по 200 воза.

Досегашен рекордер беше јапонскиот висечки мост Акаши-Каикио – долг околу 2.000 метри.


Акаши – Каикио мостот во Јапонија ќе го загуби приматот најдолг во светот?

Италијанската Влада, кaко што пишува „Сандеј Тајмс“ наспроти рецесијата одлучи да да даде една милијарда евра од државниот буџет за старт на проектот чија вкупна вредност се проценува на околу 6 милијарди евра. Изградбата треба да започне наредната, а да заврши 2016 година.

Ohridnews