Понудата на најголемиот застапник и дистрибутер на пијалаци и напитоци во регионот, дисконт „Рај“, е збогатена со два нови бренда. Имено, од неодамна дисконт „Рај“ е генерален дистрибутер за италијанското пиво „Peroni“, како и за германското пиво „Franziskaner“.
„Peroni“пивото се произведува уште од 1846 година и е најпродавано пиво во Италија. Се наоѓа редовно на менијата во најпознатите пабови во преку 80 земји ширум светот. Во палетата на производи дисконт „Рај“ го има регуларното „Peroni“ пиво, најпродаваниот бренд во Италија, „Peroni Nastro Azzurro“, како и одличните и неодоливи премиум пива од класата на „Peroni Grand Riserva“.
„Peroni“ е одлично избалансирано лагер пиво, со умерена горчина, кое се произведува по истиот рецепт од 1846 година кој се пренесува од генерација на генерација.
Гордоста на „Peroni“ се „Grand Riserva“ пивата (Grand Riserva Bianca, Grand Riserva Doppio Malto, Grand Riserva Rossa и Grand Riserva Puro Malto).
„Franziskaner“ е германско пиво кое своите почетоци ги има уште од 1363 година. Изобилува со одлична цитрусна нота, умерена горчина и силен “malt” карактер. Одлично пиво кое е извонредно освежување за вистинските пивопијци.
Гордоста на Италија, пивото „Peroni“ и германското пиво „Franziskaner“ со речиси седумвековна традиција, од сега и во Охрид, благодарение на дисконт „Рај“, кој од неодамна е генерален дистрибутер и за овие производи.
OhridNews