Португалскиот клуб Виторија Сетубал донесе зачудувачка одлука да го избрка од екипата младиот италијански фудбалер, Мирко Антонучи. Причината за прекинување на соработката која беше во вид на позајмица со фудбалерот од Рома се честите објави на социјалните мрежи.

Антонучи кој во Португалија се преселил со својата девојка Џинерва Лабруски повеќе внимание насочувал кон социјалните мрежи, отколку на тренинзите и натпреварите.

Мирко Антонучи веќе не е фудбалер на Виторија. Зошто? Поради респект кон нашите навивачи и историјата на клубот, како и кон тие кои работат да го претстават овој клуб со голема одговорност, – се вели во соопштението од Виторија Сетубал.

View this post on Instagram

I love you more everyday ? @mirko_antonucci

A post shared by Ginevra Lambruschi (@ginevralambruschi) on

Антонучи ќе се врати во Италија и ќе се бори за место во тимот во својот матичен клуб Рома но час поскоро треба да ја заборави неуспешната авантура во Португалија.

OhridNews