Неколку часови после разделбата со Маурицио Сари, екипата на Јувентус експресно (ќе) го реши тренерското прашање со назначување на Андреа Пирло, пренесуваат реномираните агенти од Италија.

„Фудбалскиот Моцарт“ со статус на италијанска легенда ќе има супер предизвик на почетокот од тренерската кариера. Пирло неодамна беше назначен за тренер на младинската екипа до 23 години во Јувентус.

„Старата дама“ се раздели со Сари по само една сезона. „Бјанконерите“ под водство на Сари ја освоија титулата во Серија А, а неуспех доживеаја во Купот на Италија (пораз од Наполи во финалето) и Лигата на Шампиони каде беа елиминирани од Лион во 1/8 финалето.

OhridNews