Поголема група италијански државјани деновиве со лет од Милано организирано допатува во Охрид, за да добие услуги во стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.

 

Италијаните, главно жители на Милано и околината, грижата за оралното здравје ја препуштија на професионалниот тим на стоматолошкиот центар со докажан квалитет и врвно обучен кадар. Покрај денталните услуги како белење заби, импланти, пломбирање и друго, тие имаа можност и да уживаат во убавините и знаменитостите на сончевиот Охрид, благодарение на внимателно изготвената понуда на „Д-р Баткоски“. Прекрасните впечатоци, пак, италијанските гости ги пренесоа на социјалната мрежа Фејсбук.

Исходот од посетата на италијанските туристи на нашиот стоматолошки центар и Охрид е многу насмевки, нови пријателства, дружење, задоволни пациенти, и уште поцврсти пријателски врски помеѓу Италија и Македонија. Нашето мото на италијански е: „Facciamo il tuo sorriso!“ (Ние ја правиме вашата насмевка). Во иднина очекуваме уште многу групи од Италија да дојдат во Македонија, да го посетат Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, да се одушевуваат на балканскиот Ерусалим и секако, да се вратат дома со убава и сјајна насмевка и уште поубави спомени. – велат од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.

Со проширувањето на листата на задоволни клиенти во Италија, Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, ја потврдува лидерската позиција во развојот на денталниот туризам во регионот, кој зема се поголем замав.

OhridNews