Голема трагедија ја потресе Италија, откако во страотна сообраќајна несреќа животот го загубил Даниел Гуерини, ултра талентиран фудбалер кој го носел дресот на Лацио.

19-годишниот фудбалер настрадал во директен судир на неговиот „смарт“ автомобил и мерцедес, кој би управуван од човек на 68-годишна возраст, пренесуваат италијанските медиуми.

Гуерини во Лацио пристигнал годинава од Торино, а двата клубови со шок и неверување ја потврдија информацијата и му изразија сочуство на семејството Гуерини.

OhridNews