Македонскиот репрезентативец Бобан Николов e нов член на италијанскиот фудбалски клуб Лече, кој се натпреварува во Серија Б.

26-годишниот македонски играч за врска ги помина потребните медицински прегледи и официјално го засили клубот од Југот на Италија.

Николов има рапиден раст во кариерата. Тој беше дел од најдобра генерација на Вардар последниве години, а во 2017 направи трансфер во унгарски МОЛ Види. Исто така, Николов е незаменлив во македонската фудбалска репрезентација.

Лече во Серија Б моментално се наоѓа на петто место со осум бодови помалку од лидерот Емполи.

 

OhridNews