Репрезентацијата на Италија го освои третото место во фудбалската лига на нации на УЕФА, откако попладнево во Торино, во малото финале ја совлада Белгија со 2:1.

Стрелци на головите за „азурите“ беа Барела во 46 и Берарди во 65 минута од пенал. Единствениот гол за Белгија го постигна Де Кетелер во 86 минута.

Во големото финале во Лигата на нации вечерва во Милано се среќаваат Франција и Шпанија.

Г.М.
Фото: Скриншот YouTube