Италијанската фудбалска федерација објави дека градот Палермо е избран за домаќин на полуфиналниот дуел од мундијалскиот бараж против македонската фудбалска репрезентација во договор со селекторот Роберто Манчини. Македонските фудбалери на 24 март ќе му гостуваат на европскиот првак на стадионот „Барбера“ со капацитет од 36.000 гледачи.

Одлуката да се игра во Палермо ја донесовме заедно со селекторот Роберто Манчини, а со тоа сакаме да избегнеме непотребно да се сврти вниманието поврзано со успехот постигнат на ЕУРО2020. Сакаме да свртиме нов лист, а успехот на ЕУРО2020 не смее да биде товар на екипата. Мораме да се свртиме кон иднината и сакаме да ја видиме страста на навивачите во Палермо, изјави претседателот на Италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина.

OhridNews