Во Италија од коронавирус до денес починале 3405 лица, со што земјата ја надмина Кина во светски рамки, каде црниот биланс е 3245. Само во изминатите 24 часа во Италија починале 427 луѓе, а евидентирани биле 5300 новозаразени, пренесуваат светските агенции.

Вкупниот број на заразени од коронавирусот Ковид 19 во Италија надмина 41000, оздравеле 4400, а во критична состојба се 2498 лица.

Шеесет милионската нација е во карантин откако во земјата ескалираше пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19. И покрај мерките кои го лимитираат движењето на луѓето, бројот на заболени во Италија се уште расте. И натаму најзагрозено подрачје е провинцијата Ломбардија, каде до сега починале 1640 луѓе. Меѓу најпогодените градови е Бергамо каде изминатото деноноие починале 93 лица, а од почетокот на кризата 533. Поради недостаток на капацитет во локалниот крематориум, телата на починатите војската на Италија ги пренесува во други градови.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте најави продолжување на вонредните мерки. Угостителскиите објекти, трговските центри и големите продажни места, но и стопански капацитети нема да работат до 25 април, а училиштата  до 3 мај.

 

OhridNews