Кодомаќинот Италија со максимални 3-0 во сетови ја совлада синоќа Белгија во Болоња во премиерниот натпревар на Европското првенство за одбојкари.

На Европското првенство ќе настапи и македонската репрезентација која воведниот натпревар ќе го одигра утре против Данска од 20 часот во салата „Борис Трајковски“, по што следуваат дуелите против Црна Гора (2 септември), Полска (3 септември), Холандија (5 септември) и Чешка (6 септември).

Кодомаќини на европската одбојкарска елита се и Бугарија и Израел.

Европското одбојкарско првенство ќе финишира на 16 септември за натпреварите за медали во Рим.

OhridNews