Педесетина експерти по Информатичката технологија од земјите од регионот, учествуваат на Третата регионална конференција од областа на управувањето со информатичката технологија (itSMF)(итСМФ), што се одржува во Охрид.
– Учесниците на овој Форум ќе имаат можност да ги презентираат своите проекти кои што ги имаат направено во своите земји, со цел да се промовира ITIL-стандардот кој во Македонија не е толку застапен, но кој се повеќе се користи во приватниот сектор и државните институции, како стандард со кој се регулираат процесите на водењето на бизнисот, водењето на моделите на инфрастурата поставена во државата, се со цел поголема ефикасност, транспарентност и поголемо производство од оние кои ги спроведуваат тие стандарди, изјави министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.
На Конференцијата ќе стане збор за глобалните текови и современите трендови во областа на информатичката технологија.