Младата пејачка ѕвезда Цастин Бибер бил исвиркан на кошаркарскиот натпревар од НБА плеј офот помеѓу екипите на Лос Анџелес клипер и Оклахома. Бибер е можеби една од најпопуларните ѕвезди на светот, но обожавателите на кошарката, изгледа, не го сакаат.
Пејачот седел во првиот ред со својата мајка која ја извел на натпревар како би го прославиле заедно Денот на мајката, но во моментот кога неговото лице се појавило на големиот екран, цела сала го извиркала, пренесуваат американските медиуми.