Американската полиција ја уапсила Џо Кесиди поради сомнение дека ги уништила книгите вредни илјадници долари и тоа со зачини. Од полицијата рекле дека во кутијата каде членовите на библиотеката во Боиси ги оставаат книгите, истурила мајонез, кечап и путер од пченка.


Ова во последната година го повторила десет пати. Најпосле била уапсена откако била фатена на дело ставајќи мајонез во кутијата. Сеуште не е познато зошто старицата ги уништувала книгите.