Вооружен напад е извршен во еден ресторани во квартот Фатих во турската метропола Истанбул, jави синоќа телевизијата CNNTurk, пренесува „Макфакс“.

 

Според телевизијата, во инцидентот се ранети две лица, универзитетски професор и сопственикот на ресторанот. Напаѓачот дејствувал сам, а според турските медиуми, овој инцидент не е поврзан со тероризам.

На местото на настанот работат истражни екипи на турските правосудни органи. Засега нема поединости за инцидентот и информации за идентитетот на напаѓачот.

Овој вооружен напад доаѓа по неодамнешниот масакр на новогодишната ноќ во клубот „Reina“, за кој одговорноста ја презема џихадистичката организација Исламска држава. Напаѓачот, кој судејќи според сé бил добро обучен и сé уште е во бегство, за само седум минути смртно покоси 39 луѓе, од кои повеќето странски државјани.

OhridNews
извор: „Макфакс“