Ксу Иуниун од Кина која треба да се породи во март истрачала маратон во Олимпискиот парк во Пекинг. Таа изјавила дека секогаш била пасиониран тркач и не гледала причина да престане само затоа што е бремена. Оваа девојка која има 28 години и која ги изненадила сите верува дека ова ќе и помогне полесно да се породи.

Инспирација за ова пронашла во Паула Ретклиф која исто така трчала два пати дневно за време на бременоста во 2006 година. Жените кои се општо активни можат да учествуваат во спортски активности за време на бременоста, потврдува „The US Department of Health and Human Services“.