Деведесетгодишниот Фауџа Синг, британец со индиско потекло, истрчал полумаратон во Луксембург за три часа, 32 минути и 30 секунди, и убедливо победил во својата категорија, но сепак не го срушил светскиот рекорд за ветерани постари од 90 години. тој е во сопственост на швеѓанецот Виктор Бурген, кој 21 километар истрчал за три часа, 21 минута и 27 секунди.


Синг вели дека не е разочаран, бидејќи соборувањето на рекордот не била негова цел. Вели дека сака да истрча цел маратон, и дека ова му е само тренинг кон остварување на таа цел. Цел маратон за седум часа и 33 минути истрчал гркот Димитрион Јорданидис на 98 години.