Списанието за патувања, Traveler’s Digest, направило листа на градови во кои живеат најубавите жени. На светскиот врв е Стокхолм. Главниот град на Шведска е град во кој на туристите поради преубавите девојки, ќе им се чини како да се наоѓаат во реално шоу со топ модели.


Според тоа списание Швеѓанките се доста пристапни, но и образувани жени. Зборуваат англиски со британски акцент, па многу туристи поради изговорот можат да ги заменат со Британките. Аргентинскиот Буенос Аирес и неговите жители се на второто место, кои се истакнуваат со својата егзотична убавина.