Истражувачи на институтот “Marine Technology Problems”м огранок на Руската академија на науките, доживеале страшна средба на Арктикот, пишува „Brazil Weird News“. Во морето на длабочина поголема од 1000 метри сретнале непознато суштество со џиновски пропорции. Еден од научниците во мисијата, доктор Леонид Наумов, ги истражувал морските длабочини кога непознатото чудовиште ја нападнало неговата подморница.

Истражувачите успеале да ја извлечат подморницата на површината на морето и на неа виделе огромни гребнатини и вдлабнатини. Научниците се обиделе да истражат за кое суштество станува збор, но меѓу познатите морски суштества не успеале да го идентификуваат чудовиштето кое ги нападнало. Сите потврдиле дека никогаш не виделе нешто слично.