Во време кога скоро секоја година се купува скап модел и возила за владините институции, просечната старост на противпожарните возила е околу 30-години. Во ситуација на превработеност во администрацијата, земјата се соочува со недостиг на пожарникари. Згора на се, Македонија има и два авиони, кои за жал не ги сервисирале веќе 3 години, иако гориво за нив набавувале секоја година, се вели во документарниот филм на Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија за пожарите кои ова лето зафатија делови од нашата држава.

Во документарецот како податоци се изнесени информациите дека на територијата на државата најмногу изгорела букова и дабова шума. Голем дел од пожарите се подметнуваат, но и дека системот за управување со кризи има недостатоци, но сепак е функционален.

OhridNews